Една од најбараните манекенки на светот, Џордан Дан, позирала на плажа во Рио де Жанеиро за списанието “Vogue”.
24-годишната Џордан ја покажала својата прекрасна фигура во костими за капење во разни бои, а во еден момент ги открила и голите гради додека асистентката ѝ помагала да облече маица.
Славната убавица позирала во необични комбинации, па така во еден момент носела капут и шарен едноделен костим за капење, а потоа и хулахопки со боја на кожа. Таа е доказ дека и необичните комбинации може да изгледаат секси.