Акциониот актер Мел Гибсон по бурниот љубовен живот исполнет со проблеми конечно ја пронашол својата сродна душа.
Станува збор за 35 години помладата Росалинда Рос (24), со која глумецот се запознал најпрвин службено.
Двојката заедно биле на романтичен одмор на Костарика, а потоа отпатувале за Панама.
– Многу се среќни заедно. Мел немаше баш многу среќа со жените, па не сака да брза со оваа врска, откри пријател на славниот актер.
Росалинда е сценаристка и моментално работи на ТВ-серијата „Матадор“, а славниот актер го запознала кога почнала да соработува со неговата продукциска куќа.