Јелена Томашевиќ со своето семејство тргнале на одмор во Грција, но на пола пат морала да се врати. Наместо да се одмори и ужива, Јелена и нејзиниот сопруг Иван Босилчиќ доживеале големо разочарување.
Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ се огласила на социјалната мрежа Фејсбук за да укаже на измамата која ја доживеала и да ги предупреди останатите граѓани, пишува „Пулсонлајн“.
– Драги пријатели, пред некој ден ви ја препорачав агенцијата „*** Травел“, од која во една емисија добив подарок ваучер за летување во Грција! Денес со семејството тргнавме на море. Соработниците на оваа агенција ни се јавија да се вратиме во Белград, бидејќи ваучерите не се валидни, ниту во хотелот, во кој требаше да престојуваме, е извршена уплата за аранжманот, ниту резервација. Колку што дознав, уште 245 други патници се во истата ситуација! Ги предупредувам сите кои имале контакт со оваа агенција, додека не излезе официјално соопштение од полицијата за овој случај, добро проверете ја валидноста на својот аранжман – навела Јелена.