Пејачката најпрво откри нешто неверојатно, а потоа со коментар на „Facebook“ направи уште поголем метеж.
Јелена Карлеуша предизвикува големо внимание што и да направи, напише, објави… Овој пат „сликнала“ еден опуштен селфи од лифтот кој се наоѓа, верувале или не, во нејзината дневна соба.
– „Лифтот во дневната соба ми служи исклучиво за селфи… И за да ги нервирам луѓето, секако. Но тоа помалку“ – напишала Јелена со објавената фотографија.
Набрзо на „Facebook“ се појавиле одредени сомнежи дека зградата е само нејзина.
Карлеуша на тоа, со насмевка, ладнокрвно одговорила:
– „Сите катови се мои.“