Парот Гоца Тржан и Рашо Новаковиќ наводно ја откажале својата венчавка поради банална кавга – пишуваат медиумите во Србија.
Тие се скарале поради детали поврзани со свадбата. Пејачката сакала журка на која ќе има десетина поканети, а Новаковиќ инсистирал на венчавка од 500 гости.
Тржан веќе беше во брак со Иван Маринковиќ па не сакала нејзината втора венчавка да биде фешта за медиуми на што жештоко се спротиставил Рашо.
На Новаковиќ ова требаше да му биде прв брак и затоа инсистирал на многу гости, а бројката се движела близу 500 – пишуваат српските портали.