Ким Кардашијан го објави досега нејзиното најлудото селфи за да одговори на озборувањата дека таа навистина не е бремена, туку користи сурогат мајка.
34-годишната старлета која е бремена со своето второ дете сподели фотографија со своите фанови заедно со долго објаснување околу нејзината фигура која моментално се менува:
„Прво велат дека сум слаба, што значи дека мора да лажам дека сум бремена. Сега велат дека сум преголема што повторно значи дека мора да лажам. Некои денови фотографиите од мене се направени додека сè уште не сум јадена, а други денови кога изгледам како поголема најчесто сум и прејадена. Сето ова е дел од процесот„ – започнува Кардашијан со долгото објаснување околу тоа дали навистина е бремена.
„Мислам дека добро ме знаете и дека ако имав сурогат мајка, целиот процес ќе го документирав“ – додава таа како дел од демантирањето дека користи сурогат мајка.
„Ниту едно тело не е исто и секоја бременост е различна. Научив да го сакам моето тело и знам дека ќе станам уште поголема, но тоа не ми пречи. Благословена сум што сум бремена и уште посреќна што овој пат не отекувам. Велат носењето на машко бебе е поразлично од женско“ – продолжува со коментарот, објаснувајќи колку е среќна што носи второ дете.
„Во секој случај благодарна сум му на Господ за ова чудо и без разлика на тоа какви озборувања или коментари има, не влијаат на мене“ – заклучува Кардашијан.