Славната двојка Џенифер Анистон (46) и Џастин Теро (44) веста за венчавката ја криеле и од своите најблиски пријатели, а според најновите вести во странските медиуми, одлучиле да ги изненадат сите со уште една голема вест.
Таблоидот „Интач викли“ објави дека новопечената брачна двојка посвоила шестмесечно девојче. Венчавката наводно ја организирале во последниот момент за да бидат веќе венчани пред да пристигне приновата во нивното семејство.
– На една блиска личност Џенифер и рекла дека девојчето се уште не го видела, но тоа било неколку недели пред венчавката. Тогаш веќе документите биле одобрени, а девојчето наскоро требало да пристигне во прегратките на славната двојка – тврди извор.
Тој додал дека Џенифер отсекогаш сакала да има ќерка и дека желбата најпосле и се остварила.