Кристина Агилиера позираше во топлес издание пред огледало и на своите обожаватели им порача дека отсега па натаму, ќе ги дели со нив своите интимни моменти. Таа додаде дека оваа слика е само почеток.
Триесет и четиригодишната пејачка ги заинтригира своите обожаватели, но и пошироката јавност откако првпат на „Инстаграм“ објави селфи на коешто е топлес.
„Само да знаете, сето ова е природно и реално. Со мене секогаш е така. Почувствував дека е дојден моментот со вас да почнам да споделувам некои интимни моменти, луѓе. А ова е само почеток. Добра ноќ“, напиша под фотографијата.