Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведуваат после пет години заеднички живот, пишуваат српските медиуми.
Пејачот пред три дена преку својот адвокат наводно испратил барање за покренување на парнична постапка, а како главна причина ги навел зачестените расправии.
Аца долго време се обидувал да го зачува бракот, но расправиите довеле до тоа тој да побара развод.
Се сопругата Соња договориле од оваа ситуација да не прават циркус поради ќерката. Се сложиле да не разговараат за тоа многу во јавноста.
Парот сеуште не излегол со соопштение за трачот кој кружи низ балканските медиуми.