Актерката Катарина Радивојевиќ која ја знаеме по улогата на Зоне Замфирова удри по старлетите.
Катарина смета дека тие се необразовани и се виновни за уништување на културата во државата. Актерката е бесна што нејзините колеги кои на Свети Стефан ја изведуваат претставата „Слугинка“ од буката од кафичите не можат да ја работат својата работа.
– Кафулињата до еден часот наутро не ни даваат да одржиме проба. Дали е можно кичот, ѓубрето и материјалната добивка до таа мера да се пред уметноста, се запраша убавата актерка која мисли дека доминацијата на старлетите допринесе за кризата во уметноста.
– Некаков полусвет добива на важност со изнесување на работи од приватниот живот, изјави Катарина за српските медиуми.