На разочарување на неговите обожувателки, младиот пејач 21-годишниот Џастин Бибер изгледа повеќе не е сингл.
Пејачот во петокот навечер бил виден на состанок со Ксенија Дели, поранешниот ангел на Victoria’s Secret и модел на Плејбој.
Изгледа дека атрактивната Ксенија (25) е уште една преубава девојка која се најде на листата на Џастин Бибер. После раскинувањето со Селена Гомез, 21-годишната ѕвезда некое време беше сингл, но го поврзуваа со убавиците како Хејли Болдвин, Аријана Гранде, Кендал Џенер, Миранда Кер и Рита Ора.
Џастин на новата девојка и` отсвирил неколку песни, а на Инстаграм објавил фотографија од нивните нозе под пијаното, но набрзо ја избришал.
Инаку, Ксенија неодамна завршила со снимање на спотот на новата песна од Џастин „What Do You Mean”, во кој ја има главната улога.