Никол Шерзингер се појави во Лос Анџелес каде сите ги остави без зборови, а погледите беа насочени кон нејзиното деколте.
37-годишната убавица не се срамела да го истакне своето бујно деколте на забавата.
Пејачката и поранешна членка на жирито на X-Factor носеше панталони со висок струк, палто со зебраст принт и кожна кратка маичка која ги истакна нејзините бујни гради.
Некое време се шушкаше дека Никол ги зголемила градите, а по ова појавување можно е повторно да почнат истите гласини.
Но едно е сигурно, Никол изгледа посекси од било кога!