Популарната пејачка уште еднаш покажа дека во секоја прилика изгледа совршено.
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ и оваа година ќе биде во жирито на „Ѕвездите на Пинк“ каде што заедно со остатокот од екипата ќе одлучуваат за судбината на идните пејачки ѕвезди, а фотографијата од снимањето на првата емисија од новата сезона пејачката ја споделила со многубројните обожаватели на социјалните мрежи.
Овојпат пејачката позира во мошне заводливо издание, свечен фустан со кој ги истакна своите облини, а на нејзиното деколте никој не може да остане рамнодушен.