Старите црно бели фотографии на голата Анџелина Џоли, на кои имала само 20 години, се продадени на аукција за 1.800 фунти.
Фотографиите кои ги направила Кејт Гернер во далечната 1995 година се продадени во лондонската галерија „Зебра Уан“, а на нив се наоѓа сега веќе популарната холивудска актерка заврзана со свилени ленти.
Млада и убава, но како и секогаш малку мрачна, Анџелина на фотографиите е сосема гола, а нозете и се врзани, што дава уметнички израз на оваа фотографија.
Имено, Анџелина оваа година наполни 40 години, а многумина коментираат дека не се променила многу од тогаш.