Ако некогаш победуваше на скоро сите натпревари за убавина, препознатливо ТВ лице, омилен модел за реклами, спотови и модни ревии, денес е успешна дама и девојка која го освојува светот.
Нема некој кој не се сеќава на манекенката Енџи Стојановска. Веќе неколку години таа живее, студира и работи во Америка, но не престанува да го прави она што најмногу го сака, а тоа е фото-моделирање.
„Драго ми е што го живеам мојот сон. Иако живеам во Америка, јас никогаш не престанав да се занимавам со манекенство и фотомоделирање. Тоа е мојата страст, среќа и хоби. По моја желба сакав прво овие фотографии да се видат во мојата матична земја, а потоа да излезат и низ американските медиуми. За сите мои новитети и успеси во светот на модата прво ќе се дознае во Македонија, на што сум посебно горда“, изјавува Енџи.
Фотографиите на македонската манекенка се дело на Дејан Димковски стилист и фотограф кој живее и работи во Америка. Енџи гордо позира во моделите на американските дизајнери, Катрина Кагел и Клаудија Аројо-Уплегер. Гламурозната шминка и фризура на Енџи се дело на Даниела Димковска.