Сопругот на богатата наследничка Ники Хилтон, Џејмс Ротшилд, имал мала незгода во текот на нивниот меден месец.
Имено, банкарот го покажал својот гол задник и другите интимни делови додека се обидувал да се пресоблече покрај патот до својот автомобил.
Младенците била во потрага по изолирана плажа во текот на одморот во Италија, а кога ја пронашле, сфатиле дека немаат каде да се пресоблечат. Изгледа дека Џејмс бил нестрплив да се искапе во морето, па решил костимот за капење да го облече среде улица.
Во тој незгоден момент го забележале папараците и го фотографирале гол од појасот надолу. Неговата сопруга не се ниту обидела да му помогне, туку му се смеела додека седела во автомобилот.
Ники и Џејмс се венчаа на 10 јули на раскошна церемонија во Бакингемската палата.