Фудбалерот на Реал Мадрид не само што е најдобриот играч во светот, туку неговите профили насоцијалните мрежи имаат највисока цена.
“Record“ пренесува дека Португалецот за еден ‘твит’ заработува рекордни 230.366 евра.
Ѕвездата на Реал Мадрид, кога се во прашање спортистите, има најмногу следбеници на Twitter – 37,7 милиони.
Зад него на листата на најплатените спортисти кои се огласуваат на Twitter е НБА ѕвездата Леброн Џејмс со 125.638 евра по твит.
Огласувањето на оваа социјална мрежа само по себе не носи пари, туку се наплатува рекламирањето на производите на одредени компании.