Нејзиното лице е на билбордите ширум Лос Анџелес, а таа интензивно се подготвува за својата нова кампања.
Џена Џеновиќ е родена во едно мало мето покрај Белград.Со своите родители, браќата и сестрите во 1993 година се преселила во Германија, а шест години подоцна заминале за САД.
По успесите на модните писти во САД, оваа атрактивна бринета е подготвена и за Холивуд. Има намера да стане актерка, а нејзиниот агент Џејсон Њуман од „United entertaiment“ изјавил дека нејзината неверојатна убавина ги руши сите граници.
Турскиот магазин „FHM“, оваа манекенка ја вброил меѓу стоте најубави жени на светот, покрај Анџелина Џоли и Ким Кардашијан
Џена честопати истакнува дека има српско потекло, а себе си се опишува како вљубеник во филмовите и патувањата. Говори течно 4 јазици. Холивуд е подготвен за новата ѕвезда, а подготвена е и убавата Џена.