Откако можевме да ја видиме топлес во кампањата за новиот џинс на Живанши, Кендис Сванпул продолжува да ги радува своите обожаватели.
Манекенката позира гола за насловната и интервјуто за магазинот My Town пред објективот на Sante D’Orazio за одличните црно – бели фотографии.
На дел од фотографиите, таа е облечена во фармерки, раскопчана бела кошула, накит и ништо друго!
Сите комбинации одлично ги состави стилистката Инге Фонтејн, а Каролина Гонзалес се погрижи за шминката и фризурата.