Бен Афлек и Џенифер Гарнер по многубројните шпекулации потврдија дека се разведуваат, иако деновиве може да се видат заедно со своите деца во семејни прошетки.
По објавувањето дека се разведуваат, Бен делува како во една секунда да остарел.
По разводот со Џенифер Гарнер, на Бен видливо му обелела косата, а сега му обелела и брадата. Иако актерите се разведени сепак заедно се грижат за нивните деца, па фотографите редовно ги ловат кога заедно одат на педијатар или кога ги носат децата да си играат во парк.
Светските медиуми дури известија дека холивудската двојка посетила и брачно советувалиште во обид да го спаси својот брак.