Познатата водителка Хелена Роза, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од нејзината постара сестра поп-пејачката Ребека и нивниот 20-годишен брат Марко.
– Мојата дада Ребека Јанковска Ристески и мојот брат Марко Јаневски – стои во описот на фотографијата која направи вистински бум на социјалните мрежи.
Фановите на Хелена ја преплавија со коментари по објавата на оваа фотографија, а во еден од коментарите Хелена напиша: „Ние брат имаме 20 години, еден и единствен, но тој не е јавна личност и затоа малкумина се информирани за тоа“.
Марко е полубрат на Хелена и Ребека од страната на нивниот татко.
Инаку Хелена пред неколку месеци со своето момче Игор замина за Нов Зеланд.