Сега 19-годишна, пејачката на хитот „Do It Again” често може да се види како шопингува во дизајнерски продавници со нејзината најдобра пријателка, старлетата Кајли Џенер, или како снима дуети со пејачи како Крис Браун и Тајга.
Но, дали би ја препознале оваа сексапилна пејачка од видеата кои ги објавувала на Јутјуб во 2009 година? Како надежен хитмејкер, Пиа Миа постирала кавери на песни од Ријана, Мајкл Џексон и Марун 5.
Нејзината природна бринета коса и кафеави очи се многу далеку од платинестата русокоса со кристално сини леќи која денес доминира на Инстаграм.