Можеби е помалку позната од својата сонародничка Ана Ивановиќ, но српската тенисерка Војислава Лукиќ, за многумина е посекси својата колешка од тениските терени.
Лукиќ иако нема титули како Ана, со 14 – години го освои неофицијалното светско првенство, но повредите ја спречија да гради успешна кариера во сениорска конкуренција.
Сепак убавицата моментно се наоѓа на Карибите, каде држи часови по тенис на мали деца.
– Одлучив да спојам две работи, работа со деца и тенисот. Моментно работам како национален тениски тренер на Карибите. Ова е нова улога за мене.
Тренирам со деца во програмата за развој на тенисот, изјави убавицата, која претходно ги покажа своите облини во фотосесија за машкото списание ФХМ.
– Сликањето за ФХМ беше одлична можност за мене. Уживав да бидам модел. Но, сега не постојат шанси повторно да го направам тоа, додаде Војислава.
Сепак, убавицата жали што нема направено ништо повеќе во сениорска конкуренција.
– Тенисот ми даде многу во животот. Горда сум на моите достигнувања во белиот спорт и горда сум што играв на ВТА турнирите.
Играњето на толку високо ниво е корисно искуство. Ги повикувам сите млади љубители на овој спорт да почнат професионално да се занимаваат, бидејќи не можат да загубат ништо, туку само да добијат, заврши убавицата.