Манекенката уживаше на песочните плажи на еден остров, тркалајќи се во песокот во минијатурно бикини.
Суки Ватерхаус (23) својата среќа одлучи да ја сподели со своите обожаватели, па ја објави фотографијата од одморот на социјалните мрежи.
Таа не откри со кој отишла на непознатиот остров, но поранешната девојка на Бредли Купер (40) неодамна беше на вечера со медиумскиот могул Евгениј Лебедов (35) во Лондон.
Кога излегуваа од ресторанот Суки стави качулка на главата за да не ја препознаат луѓето, но будното око на британските фотографи сепак ги фати заедно.