Српската водителка Сања Кужет (32) по којзнае кој пат ги остави без здив гледачите, жирито и учесниците во новата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, со својата витка линија и провокативните фустани.
Благодарение на својата нова креација, атрактивната водителка ги воодушевила членовите на жирито, и добивала комплименти и пофалби за изгледот од сите страни. Многумина и рекле дека изгледа подобро и од италијанските водителки, кои важат за едни од најубавите на светот.