Вистинската причина за нивното „исчезнување“ е желбата за нормален живот далеку од јавноста. Но, малку созреале и одлучиле сега да им ја вратат насмевката на лицата на многубројните фанови ширум светот и да се вратат на музичката сцена.
Многу тинејџерски бендови им завидуваа, бидејќи она што овие момци го правеа пред повеќе од пет години, многумина оставаше без збор.
Оваа „пеколна“ музичка група созреа а со самото тоа и нивните песни кои неодамна ги објавија и екранизираа. Песната „Love who loves you back” многумина ги натера да размислат…
Имено, со години се полемизираше од која сексуалност е фронтменот на бендот, па така оваа песна многумина наведе на тоа да погодуваат дали со овој потег Бил конечно ја призна својата бисексуалност или само се пошегува на сметка на сите новинарски шпекулации.
А после тоа буквално следуваше „шок“ песната – во најновиот спот „Feel it all” Бил е зависник од дрога кој, измеѓу другото, шета бос по улиците на Берлин, зема дрога, присуствува на сцени од силување, но и самиот го продава своето тело за да набави пари за опијати.
Тие навистина пораснале, зарем не?