Актерката Лорен Коан која им стана омилена на фановите со улогата на Меги во хит серијата „The Walking Dead“ ја покажа одличната форма и во приватниот живот, па затоа сосема заслужено се најде на насловната страница на Shape магазинот.
Во интервјуто за магазинот Коан открива дека е навистина тешко да вежба истовремено додека ја снима серијата, но има направено одличен режим на вежби за секој дел од телото, а самата активност за серијата во која има многу акциони сцени ја одржува постојано во полн капацитет.
Вели дека мора да вежба секој ден со различни рутини и техники и дека тоа навистина ја прави среќна и исполнета. Ние ќе се сложиме, бидејќи изгледа навистина моќно и со нетрпение чекаме да почна новата полусезона на The Walking Dead во февруари.