Новата година не започна добро за пејачот Крис Браун затоа што повторно се најде на насловните страници на светските медиуми, бидејќи ја удри Лизијан Гутејерез, модел од Бразил.
Инцидентот се случил во саботата вечерта. Инаку Лизијан се обидела да го фотографира пејачот на журка во Лас Вегас, а кога Браун забележал, ја удрил по лицето. Таа го напуштила хотелот, но не отишла во болница, туку за инцидентот известила на социјалните мрежи.
Пејачот го негира овој инцидент.