2015 година беше фантастична година за ѕвездата на фудбалскиот клуб Барселона, Нејмар. Бразилецот е номиниран за Златната топка, а и ако не ја освои, и понатаму освојува надвор од теренот.
Џени Андраде е бразилски модел и телевизиска водителка, а судејќи по сè и новата девојка на познатиот фудбалер.
Атрактивната русокоса работи за организацијата UFC како октагон девојка.
Според пишувањето на бразилските и шпанските медиуми, Нејмар е во врска со октагон девојката на UFC, Џени Андраде. Бразилскиот модел и телевизиска водителка била на Камп Ноу кога Барселона го победила Реал Бетис со 4:0.
Атрактивната русокоса манекенка била и на вечера со Нејмар, а сега ни е јасно зошто ѕвездата на Барселона почнал да се гледа со оваа сексипилна Бразилка.