Ѕвездата на култната ТВ серија „Пријaтели“, Метју Пери (46) признал дека извесен период од својот живот толку многу се дрогирал што на сетот доаѓал комплетно несвесен, и денес не се ни сеќава на снимањето на епизодите во период од три години.
Крајот на 1990-тите и почетокот на 2000 за Метју Пери биле најлошите години на неговата зависност.
Тој редовно консумирал лекови за смирување во комбинација со алкохол и други дроги, а во 2001 година неколку пати бил на рехабилитација.
– Знаев да дојдам на снимање толку нафиксан што воопшто не бев свесен каде се наоѓам. Поради тоа доаѓав во конфликт со продуцентите на серијата и остатокот од екипата. Можеби гледачите ме сакаа, но меѓу моите колеги и соработниците бев далеку најнепопуларниот „Пријател“ – изјавил Пери.
Како што истакнал, тогаш немало интернет и социјалните мрежи, па така јавноста воглавно не знаела што се случувало зад камерите.
– Денес јавно зборувам за проблемите низ кои поминав, за да им помогнам на другите кои минуваат низ слични работи. Дрогата е навистина ужасна работа која освен што во штети вам, и наштетува и на оние кои ве сакаат. Тоа е најлоштото од се – изјавил актерот кој во „Пријатели“ го толкуваше ликот на саркастичниот Чендлер Бинг.