Анџелина Џоли дефинитивно не се срамела на снимањата на разголените сцени…
Пред да стане борец за женските, животинските и детските права, пред да се омажи, роди и посвои деца, Анџелина Џоли имала прилично “непослушен” живот. А не се срамела ниту да снима разголени сцени кога такво нешто било потребно.
Кога новинарите од магазинот “People” ја запрашале како ќе реагира кога ќе дознае дека нејзините деца ги погледнале сите нејзини филмови, особено оние коишто изобилуваат со “слободни” сцени, холивудската актерка одговорила сосема смирено.
– Знаете што? Верувам дека моите деца веќе ги погледнале сите тие филмови. Мислам дека како режисер често ги потценуваме децата и додека размислуваме на кој начин би било најдобро за нешто да им биде нешто соопштено, сфаќаме дека тие се веќе два чекора пред нас, објаснува Анџелина.
Атрактивната актерка со сопругот Бред Пит има шест деца, Медокс (14), Пакс (12), Загара (10), Шајло (9) и близнаците Нокс и Вивиен (7).