Познатата пејачка и секс симбол во 80-тите Марина Перезиќ денеска е во тешка финасиска ситуација, а спасот одлучила да го бара во реалните шоуа.
– Многу тешко живееам во последно време, немам своја куќа на моите ќерки им изнајмив стан. Сакам да работам. но немам што. Сакам да направам неколку проекти и да завршам некои песни, но немам од што, рекала пејачката низ солзи за српски Блиц.
Таа додава дека во реалните шоуа го бара спасот за егзистенција
– Влегувам во шоуто за да заработам пари и да ја обезбедам иднината на моите деца. Денеска се сведе се на егзистенција и преживување, а јас цело време мислам како да преживеам, открива пејачката.
Во продолжение да се потсетиме на нејзините песни…