36 годишната ѕвезда на шоуто “Real Housewives Of Miami”, Џоана Крупа, овој пат беше фотографирана како снима сцени од забава на луксузна јахта на Флорида.
Таа престана да се појавува на малите екрани уште пред три години. Но, изгледа дека Џоана се подготвува да се врати во реалните шоуа.
Пред снимањето, таа и нејзиниот сопруг Роман Заго уживаа сами на палубата, а таа реши да ужива во сонцето без никакви ограничувања, па се соблече топлес.
Полската моделка ја покажа својата извонредна фигура во минијатурно бикини со геометриски принт, а доколку навистина се врати во светот на реалните шоуа, во иднина ќе ја гледаме почесто во вакви изданија.