Луиз Адамс исто како и својата сестра Викторија Бекам се занимава со мода и има бутик. Сепак, неа никогаш нема да ја видите како позира до Викторија. Зошто? После овие фотографии ќе ви стане кристално јасно.
39 – годишната Луиз Адамс е целосно поразлична од нејзината славна сестра, Викторија. Имено, таа е олицетворение на типична Англичанка. Не се грижи за гламурот и фенси забавите, а за разлика од нејзината сестра, гардеробата која ја дизајнира Луиз им е пристапна на широките народни маси.
Луиз Адамс била омажена за англиски бизнисмен кој го користел презимето на Бекамови за да привлече бизнис партнери. Бракот очекувано се распаднал.
Луиз и Викторија Бекам (41) имаат само една заедничка работа: модата. Но, за разлика од славната Пош, Луиз има опуштен стил и никогаш не ѝ било важно како Викторија да ги импресионира луѓето со витко тело и вртоглави високи потпетици.
Можеби токму тоа е причината поради која Луиз живее во сенката на нејзината славна сестра и можеби затоа Викторија никогаш не ја покажува во јавноста.