Патики, капче и искинати фармерки… тоа е изгледот на кој дефинитивно не сме навикнати да ја гледаме оваа колумбиска убавица.
Кога би ја сретнале Софија Вергара на улица во вакво издание, веројатно тешко дека би ја препознале.
Актерката Софија Вергара била фотографирана на улица во покомотно издание, одбрала удобен стајлинг, а со црното капче и очилата за сонце се штитела од љубопитните погледи. Во ваква комбинација каде што нејзините препознатливи облини не се во прв план, Софија лесно би можела да помине како средношколка.