Сопругата на Андреј Мељниченко, познатиот руски милијардер, неодамна во Лас Вегас го прослави 39-от роденден со спектакуларна забава.
Убавата бринета славеше заедно со своите пријатели, во висок стил. Во градот кадешто се најдобрите забави, таа покажа дека умее да организира забава која долго ќе остане запомнета, но и дека знае навистина фантастично и да се облече кога станува збор за вакви настани.
Фотографијата којашто настанала во тој роденденски стил е уште еден доказ дека Сандра има беспрекорен моден вкус, но и дека изгледа фантастично.
Секоја нејзина фотографија е како да е извадена од водечки моден едиторијал. Сандра е модерна, сексапилна, шик и оригинална.
Сандра ги следи трендовите, но и самата ги пласира. Нејзините модни избори секако значајно ги олеснува нејзината витка линија. Поради ваквата градба, таа може да понесе речиси сè, и во секое парче облека да изгледа добро.
Нејзиниот стил е без грешки. Сандра не греши ниту кога бира класични парчиња, но и ниту кога чекори на полето на модната екстраваганција.
На неа ниту една модна комбинација не изгледа обично.
Па, ако се прашувавте каде може да пронајдете добар стил, одговорот е дефинитивно ормарот на една од најбогатите Србинки.
Dec 9, 2014 at 4:32pm PST
Jul 10, 2015 at 12:00pm PDT
Aug 7, 2014 at 6:59am PDT