Џенифер Лопез веќе со години владее со музичката сцена и гордо ја брани титулата на најзгодната латино дива.
Малку е познато дека популарната бринета има и сестра, Линда Лопез, која не е толку позната како Џеј Ло иако работи како новинар.
Помладата сестра на пејачката Џенифер Лопез, ја започнала својата кариера како радиски водител во музички и информативни емисии. Потоа, станала телевизиски новинар работејќи во VH1, Style Network и на локалната телевизија во Њујорк.
45 – годишната Линда известувала и за Американски идол во кој нејзината сестра Џенифер беше една од судиите.
Покрај успешната медиумска кариера Линда во 2008 година станала и мајка, а Џеј Ло станала горда тетка.