Порцелански тен, продорни небесно сини очи, неодолива насмевка и руси локни – момчиња чувајте се, ова е идна срцекршачка.
Вака гласат коментарите на фановите под фотографијата на турската актерка Мерјем Узерли (32) со нејзината двегодишна ќерка Лара која ја доби од вонбрачната врска со турскиот бизнисмен Џан Атеш (48).
Мерјем која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величенствениот“, на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од својата наследничка која се повеќе наликува на неа.
Обожавателите на актерката се сложни дека малата Лара е слика и прилика на својата мајка, и уверени се дека кога ќе порасне ќе оствари завидна кариера – или ќе тргне по стапките на својата мајка или ќе стане успешна манекенка.
– Лара расте во Берлин, па ја учам да зборува на два јазика, германски и мојот мајчин јазик – турскиот. Паметна и впива се како сунѓер – изјавила Мерјем за својата ќерка.