Изгледа дека актерката Кортни Кокс тешко го поднесува процесот на стареење…
Имено, Кортни Кокс била гостинка во емисијата на Бери Грилс каде поради потребите на снимањето, Кортни не носела шминка, а до израз дошле нејзините пластични операции кои ги направила на лицето во изминатите години.
– Многу тешко го прифаќав фактот дека стареам. Но, не вреди. Со тоа не можете да се борите. Нема личност која измислила формула против стареење. И сите ќе остарат, ќе им помине младоста на сите.
Јас се обидов да ги замрзнам моите години. Секако, не успеав во тоа. Операциите само ми го уништија лицето, сега ми е жал поради тоа, но доцна е. Во ред, научив неколку лекции за животот, но за некои работи сега е доцна – рекла Кортни.