За време на претставувањето на новиот документарен филм „Средина“, приказна посветена на мега популарниот балкански поп пејач Един Дервишалидовиќ или попознат кај нас како Дино Мерлин, славниот пејач на крајот одвои неколку минути и упати порака до сите Македонци по повод актуелната состојба во нашата држава.
– Доколку Македонците ме гледаат вечерва, сакам да им порачам да ја сочуваат почитта и разбирањето помеѓу себе, да го сочуваат тоа Сонце кое е на нивното знаме, да не дозволат Сонцето на Македонското знаме никогаш да згасне, вечно да сјае, тие луѓе да пронајдат разум, да дадат се од себе никогаш да не дојде до најлошото – изјави Дино Мерлин.
Неговата биографија „Средина“ воедно претставува и сведоштво за бурниот живот на Балканот во кој, освен војни, постојат и некои убави, чудни убави врски кои се чувствуваат слушајќи музика.