„Викендот во ф’станче” може да започне. Три дена одлична музика, три дена различни активности. Почнувајќи од вечерва во „Штала”, па се до недела ќе имаме можност да уживаме во интересна програма специјално приготвена за понежниот пол.
Денеска, петок, бендот Ringroad ќе не почасти со Tribute to Beatles, тричасовна свирка на која ќе бидат изведени 35 најголеми хитови од познатите „бубачки”.
Забавата е загарантирана, а влезот е бесплатен.
Во сабота, на истота локација- Musaiq Band со вокалот Калина Велковска,
а најголемата журка се најавува за недела, 8 март.
По повод, Денот на жената, 4 познати скопски диџејки почнувајќи од 17:00 па се до доцна во ноќта ќе се погрижат со различни стилови на музика да ги разиграат посетителите.
Сите девојки кои на настанот ќе дојдат облечени во фустанче со висок струк ќе добијат 50 % попуст.