Изненадувачки големиот интерес за концертот на САФ вечерва на Скопски Саем не престанува. Голем број фанови од цела Македонија се организираат по социјалните мрежи за заеднички да го проследат според нив најважниот концерт на деценијата.
САФ вечерва на радост на нивните поддржувачи , во продажба ќе ги пуштат и репликите на винил плочите, цедињата и демо касетата од култниот албум „Сафизам”, а ќе може да се купат и маички.
Денеска САФ ги открија и гостите кои ќе се појават на концертот- „Легијата” и диџеј од Лонндон чие име се уште го држат во тајност.
Концертот ќе започне во 21:00, а ќе трае се до 01:00.
5 часа „олд скул” рап, 5 часа забава и рап едукација. Тоа е она што за вечерва го ветуваат Гоце, Смилен и Пикиспи.
Оние кои се уште немаат набавено карти, тоа ќе можат да го направат на влезот на Скопски Саем. Картите се по цена од 300 денари.
Легијата и диџеј од Лондон специјални гости вечерва на концертот на САФ
Спонзорирани линкови
Сподели на: