„Фолтин“, „Eye Cue“, „June“ и диџеј Ивана Низам ќе настапат на четвртиот по ред „Sound of green“ кој ќе се одржи на 20 јуни со почеток во 20 часот во летниот клуб Хавана.
Влезници за фестивалот како и секоја година се добиваат во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина.
Заинтересираните можат да си обезбедат влезници на промо-пултовите поставени кај Крем кафе во т.ц. Бисер на приземје, Броз кафе кај Универзална сала и на плоштадот Филип Втори на „Баскерфест“, во четврток 18 јуни и во петок 19 јуни од 14 до 18 часот.
А како и секоја година, три празни пластични шишиња во замена за влезница може да се донесат на пултовите на „Пакомак“ и пред почеток на концерот.
– Нé радува можноста да придонесеме во оваа иницијатива и да бидеме во друштво на оние кои ги поттикнуваат и креираат промените за подобар живот за сите нас. Секој од нас треба да придонесе за поздрава и почиста животна средина со она што е негова определба. Нашата определба е да подржуваме вакви пактики и да се бориме преку музиката што ја создаваме“ – изјави Бојан Трајковски од „Eye Cue“.