Баскерфест караванот продолжува низ Македонија, но и со уште еден екстра ден во Скопје.
Иако заврши официјалниот дел на плоштадот „Филип Втори” , во петок, 26.06 со почеток во 17:00 па се до 00:00 во уличниот театар ќе може да уживаат и граѓаните на општина Аеродром. Баскерфест перформансите ќе се одржат пред и во Капитол Мол.
За музичкиот дел ќе се погрижи најголемата баскер атракција, самба групата Барбароса, а ќе има и магионичари, акробации со тркало, fire show, жонглери, кловнови, возење моноцикл и активности за најмладите.
Покрај одличната забава, најавени се и голем број изненадувања за посетителите.