Првата македонска стенд ап турнеја „Tour de stand up” ќе го доживее своето финале за 2015 година.
По успешните настапи на актерот и комичар Бојан Велевски низ 10 градови во Источна Македонија каде што присуствуваа повеќе од 2500 луѓе, на ред е Скопје. Смеењето до солзи е закажано за 28 ноември во Дом на Арм со почеток во 20:00.
Гарантирам дека публиката ќе се смее на секои 25 секунди. Во Скопје ќе настапам со најдоброто од мене, се што сум работел во последниве 4 години собрано во 75 минутен материјал. За да биде поинтересно ќе има и гости кои ќе ми помогнат заедно да ја расположиме публиката – изјави Бојан по повод стенд ап настанот кој ќе се одржи во сабота.
Билетите се по цена од 200 денари и може да се набават во Југотон и Розе Веро 2, како и онлајн преку купикартизасе.мк
Во 2016 година турнејата продолжува и низ останатите градови во Македонија.