Оваа сабота (04 јуни 2016) во Свети Николе ќе се одржи третиот по ред мото собир, организиран од Мото клубот Свети Николе.
Членовите на мото клубот и оваа година активно го подготвуваат просторот во новиот парк и ги очекуваат посетителите од цела Македонија и странство. Настанот е поддржан од Општина Свети Николе и Меѓународниот Славјански Институт.
На претходните два мото собири беа присутни повеќе илјади граѓани и многу моторџии од Македонија и цела Европа. За годинава се најавени уште повеќе посетители со мотори од многу земји, а и за Светиниколчани ова е убав настан кој полека, но сигурно прераснува во традиција.