Градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, во наредните 10 дена традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо, а сите посетители ќе имаат можност секојдневно да уживаат во возбудливи точки.
Со над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари ќе се отвори 12-тото издание на фестивалот Баскерфест 2017.
На плоштад „Македонија” точките на артистите ќе се одвиваат на три локации од 19:00- 23:00, а во вечерните часови од 22:00-01:00 ќе има и музичка бина збогатена со пивска градина во пивскиот центар „Колектив” .За најмладите подготвено е и интересно детско катче каде што ќе може да се забавуваат секој ден од 18:00-20:00.
Посетителите ќе може да уживаат во уличната уметност од 16-ти до 25-ти јуни. Покрај богатата програма, на плоштадот ќе биде поставено и Дрво на Среќата, каде што секој посетител ќе може да закачи порака со среќна и позитивна мисла.
Фестивалот од самиот почеток во 2006 година е со поддршка од град Скопјe.
Баскерфест 2017- 12 години шириме насмевки!