ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 кг. домати
20 црвени пиперки
1 китка магдонос
1 китка целер
1 главица лук
3 главици кромид
200 гр шеќер
200 гр масло
200 гр вода
1 лажица сенф
Во длабока шерпа ги дробиме на крупни парчиња потребни состојки. Кромидот и лукот се додаваат не лупени, само расечени на делови. Добро исецканиот зеленчук, се остава да се вари на тивок оган.
Кога е омекнат зеленчукот се трга шерпата од огнот и се остава да излади малку, за да може да се помине низ преса или машинче за мелење.
Пасираниот зеленчук се враќа назад на оган и му се додаваат шеќерот солта, маслото и водата.
Се остава да поврие околу 30 минути и се трга од оганот.
Му се додава сенфот, добро се промешува.
Се става и бибер во зрно или мелен исто по желба и сол. Се собира во загреани шишенца од сок или пиво.
Овој таканаречен домашен кечап, користете го како додаток во тестенини, како додаток на чорби…користете го како мезенце со ракија….