ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 дупло пакување на пишкоти
500 гр. сирење – несолено крем сирење
1/2 слатка павлака
100 гр шеќер во прав
2 dl сварено кафе
1 мала лажица ликер Мараскин (Maraschino,по желба)
Чоколадо во прав или какао
ПОДГОТОВКА:
Измутете ја слатката павлака и во неа додадете го шеќерот во прав и крем сирот, потоа добро промешајте.
Половина од пакувањето на пишкотите искршете ги и натопете ги во излденото црно кафе во кое по ваша желба може да додадете една лажица од ликорот.
На дното од чашката ставете го натопениот кекс и потоа до половина од чашата неполнете со предходно подготвенипт фил, а потоа додадете нов еден ред пишкоти за на крај уште еднаш да го прелијте со остатокот од смесата.
Ставете го во фрижидер да се излади.
Пред да го сервирате посипете го со какао во прав.