Доколу сте приготвувале зелен чај, знаете дека се прави со вода од 76ºС. Звучи лесно ама како да знаеме кога точно температурата на водата е токму 76 ºС.
Еве неколку основни правила што ќе ви помогнат при подготвувањето на чај:
За зелените чаеви потребна ви е вода која само што почнала да испарува, што значи дека е околу 76 ºС. И кај овој тип на чаеви, вреќичката со чај се остава 2 до 3 минути да поседи во врелата вода.
За правилно подготвен улонг чај водата тргнете ја од оган штом забележите меурчиња, што значи дека е на 85 ºС, за потоа да ја оставите да постои со вреќичката 2 до 3 минути.
Кога подготвувате црн чај, водата треба целосно да ја зовриете, и да ја оставите со вреќичката 4 до 6 минути.
За крај, кога ги подотвувате останатите вкусови, односно оние од тревки и билки, тргнете ја водата од оган чим почне да испарува и натопете ја вреќичката во неа околу 3 до 4 минути.
Ете, неколку едноставни, а добротворни совети за подготовка на чајот, пијалокот кој не топли во овие студени денови.